Секое лето Заеви уживаат во ексклузивна куќа на три спрата на море во Грција, објавува „Press24“ кој ексклузивно дојде до документите кои покажуваат дека првите братучеди на Зоран Заев, Трајче и Бобан Заеви на крајот од 2012 година ја купиле оваа ексклузивна куќа на Халкидики во Неа Мудања. Ексклузивната хациенда е со голем двор од околу 300 метри квадратни.
За неа според документите со кои располага Press24 тие платиле 110.000 евра. Press24 во моментов располага само со еден од трите договори преку кои било извршено плаќањето. Овој договор е склучен на 20.000 евра, а нашиот извор вели дека таа се продала преку уште два договора со што се достигнал вкупниот износ од 110.000 евра.
На него јасно се гледа дека семејството Заеви станува сопственик на оваа екслузивна хациенда на Халкидики во Грција.
Ексклузивната куќа на Заеви се наоѓа на самата плажа во Неа Мудања на Халкидики. Пребарувањата низ грчките агенции за недвижности покажуваат дека реалната вредност на ваков имот е далеку повисока од сумата што наводно Заеви ја платиле за оваа куќа. Имено, куќа со иста површина на првата линија до морето, како трокатната куќа на Заеви не може да се најде по цена пониска од 300.000 евра.
Овие податоци оставаат простор за сомнеж за начинот на кој семејството Заеви дошле до овој ексклузивен имот.
Инаку, Трајче и Бобан Заеви, освен роднински се и капитално поврзани со лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тие се бизнис ортаци преку повеќе фирми кои што работат со општината Струмица. Имено, Бобан Заев е овластено лице во фирмата Тргопродукт, која беше вмешана во аферата со отровните корнишни.
Трајче Заев е овластено лице и еден од главните во семјената фирма на Заеви, Еленица. Медиумите во повеќе наврати објавија дека токму оваа фирма од општина Струмица инкасирала милионски суми преку тендери.
Се поставува прашањето, како семејството Заеви успеа да купи куќа по цена три пати пониска од реалната? Јавноста очекува одоговри на прашањата, зошто некој би продал куќа која вреди над 300.000 евра за 110.000 евра и дали куќата е некаков подарок?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.