Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху обезбеди мнозинство во новиот парламент и сега е сигурно дека ќе добие мандат за составување на нова влада.
Претседателот на Израел Рувен Ривлин денеска ги продолжува консултациите со претставниците на партиите во парламентот, започнати во неделата, со цел да ги слушне нивните препораки, пред да го даде мандатот за формирање на нова коалициска влада на земјата.
Тоа веќе е формалност откако центристичката партија Кулан сугерираше дека исто така го поддржува Нетанјаху, кој сега има поддршка од 61 пратеник, во вкупно 120 пратеници во парламентот на Израел.
Претседателот Ривлин, чија улога во политичкиот живот на Израел е во најголем дел протоколарна, ќе се сретне со Нетанјаху подоцна оваа недела и тогаш официјално ќе почне коалициски преговори.
Нетанјаху ќе формира коалиција со партијата Кулан и неколку десничарски и верски партии. Тој се очекува да формира тесно коалициско мнозинство од 67 пратеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.