Како што телото, силата и издржливоста се одржуваат со физички вежби, така менталното „раздвижување“ има позитивно влијание врз мозокот.
Намалувањето на одредени способности, за кои постоело мислење дека се поврзани со стареењето, како што е заборавање, бавно размислување и блокада при решавање на проблеми, не е неизбежно доколку на мозокот „му даваме предизвици“.
Како што секојдневното вежбање во фитнес центри или трчањето ги зајакнуваат одредени мускули, така психичките вежби ги зајакнуваат и подобруваат когнитивните функции. Затоа се смислени и посебни вежби кои ја изоструваат способноста за забележување, паметење, за слух, вид, мирис, а заедно се нарекуваат „фитнес за мозокот“.
Еве неколку примери на вежби со кои може да се подобрат способностите за заклучување и логично размислување:
– Запишете една реченица од книга, списание или весник, и обидете се да направите друга користејќи идентични зборови.
– Купете сложувалка и спојувајте ги деловите што е можно побрзо. Забележето го времето и за една недела повторете ја вежбата и повторно забележето го времето. Пробајте секојпат да го подобрите личниот рекорд во сложување.
– Кога одите во продавница не правете список на производи, туку смислете систем кој ќе ви помогне при купувањето. На пример, распоредете ја храната во две категории – свежа и конзервирана. Користете било кој систем кој ќе ви помогне да запаметите, а не да правите список.
– За мозокот се добри сите игри кои поттикнуваат логично размислување. На пример, со карти или игри со стратегии, како шах или дама, решавање крстозбори, ребуси и други задачи со зборови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.