Во британските обложувалници веќе на големо се води битка околу името на бебето, иако Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, треба да се породи следниот месец.
Иако се уште не е потврдено дали малиот принц Џорџ ќе добие брат или сестра, оваа ситуација за кладилничарите е уште повозбудлив предизвик. Имено, според резултатите од обложувалниците најмногу шанси имаат имињата Елизабет и Џејмс, а веднаш зад нив се наоѓаат Викторија, Шарлот, Филип и Артур.
Освен полот на бебето и потенцијалните имиња, се обложува и дали Кејт ќе роди тројка или близнаци, како и во каков фустан ќе се појави на породувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.