Меѓународниот саем Мебел 2015 година, официјално од утре (24 март), ќе им понуди на сите посетители повеќе од 10.000 парчиња мебел, распространети низ 16.000 квадратни метри. Голем избор на сè што е удобно за вашиот дом, двор или работно место.
Сè е подготвено за годинашниот саем Мебел 2015 година, кој секогаш ги исполнува сите саемски хали, со повеќе од 400 домашни и странски изложувачи. Оваа година се очекува голема посетеност од околу 50.000 посетители, кои ќе имаат шанса да го уредат својот дом, а од изложувачите да си овозможат и големи попусти, но и да станат потенцијален добитник на новата „опел корса“ од наградната игра приредена за посетители.
Ова е можност за сите да видат каков е моментниот светски тренд на мебел и на дизајн, директно пренесен на годинашниот саем за мебел. Тоа што е актулено и модерно на европскиот пазар за мебел, ќе биде презентирано и пред сите посетители, кои деновиве ќе го посетат Скопски саем. За изложувачите, Скопски саем традиционално организира конкурс за најдобри експонати на саемот по различни катергории во класа на производители и класа на трговци. Изборот го врши стручна комисија во која се вклучени и професори од Факултетот за дизајн и технологија за мебел, Архитектонски факултет, како и претставници на Асоцијацијата на архитекти, Министерство за економија и Кластерот на дрвна индустрија на Македонија.
Само за потсетување, со секоја купена влезница за Мебел 2015 година станувате потенцијален добитник на најновата „опел корса“, од „Опел“ – ексклузивен партнер на годинашниот саем за мебел. Цената на билетите изнесува 100 денари, а за групните посети и за студенти Скопски саем овозможува 50 проценти попуст на цената на секоја влезница.
Како надополнување, во текот на Мебел 2015 година до 15 април, во Арт-салонот на Скопски саем, кој се наоѓа во Управната зграда, ќе се одржи и атрактивна изложба на слики и скулптури од дрво и карикатури од браќата Урдин – Киро и Васил Урдин.
Како надополнување, посебно сакаме да нагласиме дека за времетраење на Мебел 2015 година до 15 април, во Арт-салонот на Скопски саем, кој се наоѓа во Управната зграда, ќе се одржи и атрактивна изложба на слики и скулптури од дрво и карикатури од браќата Урдин – Киро и Васил Урдин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.