| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 11 загинати во автобуска несреќа во Венецуела

­ Најмaлку 11 лица загинаа во синоќешната автобуска несреќа во Венецуела, соопштија властите на оваа јужноамериканска земја.

Несреќата се случи кога автобус полн со патници се урнал во една клисура и завршил во езерото Зуата, што се наоѓа на неколку часови возење од главниот град Каракас.

Полицијата која започна истрага за несреќета, засега не знае како дошло до паѓањето на автобусот во езерските води. Но сведоци изјавиле дека возачот наеднаш загубил контрола врз возилото, па автобусот скршнал од патот и се урнал во клисурата.

Несреќата се случила во југозападна Венецуела, а преживеаните и повредените патници се префрлени во болниците на блиските градови Маракај и Ла Викторија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top