| четврток, 6 декември 2018 |

Германската влада не очекува Ципрас да предаде список со реформи

Германската влада не очекува од грчкиот премиер Алексис Ципрас да предаде список со реформи на германската канцеларка Ангела Меркел при посетата на Берлин во понеделник, објави грчкиот сајт “њуз.ин”

На средбата за време на Европскиот совет во Брисел во четвртокот било потврдено дека договорот во рамки на Еврогрупата од 20 февруари останува основа за разговори меѓу Грција и нејзините партнери, и дека ништо не е променето во однос на постапката за исплата на средства од заемите за Грција.

Нема конкретен датум, ниту пак во понеделник е датумот, на кој треба да биде претставен списокот со реформи. Предложените реформи треба да бидат претставени релативно брзо, објавува порталот.

Портпаролката на Меркел истакна дека последната транша и добивката на ЕЦБ од грчките обврзници ќе бидат предадени на Грција, но само откако ќе заврши проверката за спроведувањето на програмата и по одобрение од Еврогрупата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top