| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Заев и неговите спонзори сами се избришаа од иднината

zaev-vo-univerzalna-5Никој од нас не избира кога ќе се роди и во какво време ќе живее. Ама кога сме веќе тука, секоја генерација мора да се соочи со предизвиците на времето во кое живее, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на народниот собир во Битола.

– Еве не пред нов тест. Јас не се сомневам дека ќе го положиме. Ќе стекнеме ново искуство, нова сила, нови сознанија што ќе ни помогне во градење на иднината. Во неа нема да бидат луѓе како Зоран Заев, неговите помагачи и спонзори. Тие самите се избришаа, истакна Груевски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ го знае начинот како ќе се бори за народот и за Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top