| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ сака без поддршка од мнозинството од народот да дојде на власт

zoran-zaev-500

-Овој 27 април ќе се наврши година од последните предвремени избори. Цела година се занимаваме со СДСМ кој не ги признава резултатите, не ја почитува волја на гласачите, не ги уважува институциите, ги злоупотребува и Уставот и законите. Не втурнаа т.н. „другари“ во политичка криза за која немаше реална причина. Освен причина лична, а базирана на нивната очигледно евтина желба да дојдат на власт по секоја цена. И го најдоа најлесниот начин. Односно тие беа пронајдени од некого и таргетирани. Сакаат без подршка од мнозинството од народот да дојдат на власт. Мислат дека ако одат со ваква црно сценарио, па на крај организираат некој митинг, па малце насилство нели, тоа им е дел од кодот, тогаш ќе дојдат странци, ќе се крене меѓународната, и ете им ситуација како да дојдат на власт – посочи премиерот Никола Груевски во денешното обраќање во Битола, каде се собраа граѓани, симпатизери, поддржувачи и членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на најголемата владејачка партија посочи дека паралелно на црното свенарио СДСМ  нудат сѐ и сешто на секого, на странците, на партиите на Албанците во Македонија, на секој, кој може да направи нешто да им помогне некако… ..

Но, овие на кои им се нудат не само што не им помагаат така како што се очекува од нив, туку и ги понижуваат, им се смеат, дополнително ги посрамуваат. Ама овие нашиве очигледно немаат никаков срам, образ ѓон, како што викаат нашите. Па каков образ може да има човек кој свесно игра едно вакво сценарио?! – нагласи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top