| четврток, 6 декември 2018 |

Полагање екстерно во Индија (видео)

Знаеме дека секаде учениците се обидуваат на препишуваат, но ова видео ќе ве остави без зборови. Видеата и сликите кои вчера се проширија од индиските медиуми, покажуваат како десетици луѓе – родители, роднини и пријатели на учениците, се качуваат и до четвртиот кат од надворешната страна на училиште во индиската држава Бехар, за да им помогнат на своите блиски во препишувањето.

Тие, загрозувајќи животите, на учениците им подаваат ливчиња испишани со материјали од тестовите, додека наставниците, но и полицијата на улиците, немо набљудуваат.

i2-630x354hgmxgz-300x168

Но, за разлика од училиштето кое се гледа на видеото подолу, во некои делови од државата Бахан, како округот Чапхан, интервенирала полицијата, приведувајќи десетина луѓе.

Оваа несекојдневна, но во Индија масовна појава на мамење на тестовите се случува постојано, но ова е првпат камерите да го „фатат“ овој феномен на вакво ниво. И покрај тоа што ваквата пракса е забранета со закон, „загрижените“ родители и роднини на учениците не чувствуваат ниту страв, ниту срам, што покажува колку широко е распространето препишувањето во училиштата во Индија и во индискиот менталитет, воопшто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top