| четврток, 6 декември 2018 |

„Поезијо те сакаме“ утре во „Феникс“

Во Културниот центар „Феникс“ во Скопје, утре напладне ќе се одржи манифестацијата „Поезијо, те сакаме!“, со која ќе се одбележи Светскиот ден на поезијата. На манифестацијата ќе настапат веќе афирмирани, но и млади поети кои ќе читаат свои стихови во чест и слава на поезијата. Организатори на манифестацијата се Издавачката куќа Феникс и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија Презент од Скопје.

Инаку, Светскиот ден на поезијата го востанови УНЕСКО на 21 март 1999 година со цел да се промовира читањето, пишувањето, објавувањето и проучувањето на поезијата ширум светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top