| четврток, 6 декември 2018 |

Поетот Митко Гогов на Светскиот ден на поезијата во Романија

На одбележувањето на Светскиот ден на поезијата во Романија освен Митко Гогов од Македонија ќе учествуваат и Евелина Митева од Бугарија и Том Едвард Филипс од Велика Британија.

Со две поетски читања на 21 и 22 март во градовите Букурешт и Галати, македонскиот поет Митко Гогов ќе настапи во интернационалната програма која е дел од настанот посветен на Светскиот ден на поезијата.

Настанот е насловен „Поетски – преку Дунав во Букурешт“, додека: „Доаѓаме со поезија на брегот на Дунав, кадешто ја вадиме од турбулентните води, па дури и светскиот ден на поезијата го префрлвме во Галати со помош на поетсата Флорина Захарија и потоа ќе се упатиме кон Букурешт, без да мора да одиме бреговите на колотентот и дамбовита, но ќе одиме директно во Букурешката метрополитенска библиотека. Сето ова го прифаќаме со елан, со нас носиме поезија, пиеме поезија, кажуваме поезија на бугарски, романски, македонски и англиски јазик, за да бидеме, за да истраеме, за да ја збогатиме душата.“ – стои во официјалната покана упатена до медиумите и гостите. На одбележувањето на Светскиот ден на поезијата во Романија освен Митко Гогов од Македонија ќе учествуваат и Евелина Митева од Бугарија и Том Едвард Филипс од Велика Британија.

Mитко Гогов е концептуален уметник, поет и граѓански активист роден 1983-та година во Скопје, Македонија. Пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Пишува и хаику, сенриу, ренга кои ги објавува повремено во микроблогосферата twitter. Неговото творештво досега е застапено и преведено во неколку антологии, стихозбирки и списанија за литература и уметност во Индија, Пакистан, Филипините, Кина, USA, Аргентина, Русија, Шпанија, Италија, Чешка, Романија, Германија, Израел, Мексико, Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Грција, Бугарија… Актуелен со неговата стихозбирка Ледена вода издадена во Србија (2011) и во Македонија, во едицијата „Огнови“ на издавачката куќа Антолог (2014). Концептуален уметник со неколку изложби, инсталации, перформанси, сценографии и мултимедијални проекти реализирани во Норвешка, Франција, Италија, Србија, Македонија, Бугарија … Младински работник и граѓански активист. Претседател на здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“, организатор на глобалната поетска манифестација „100 Илјади поети за промена“ во Македонија, претставник на Светската унија на поети и Школата за поезија – Делегација Македонија, основач на наградата „Антево слово“ која се доделува во Сицилија, Италија, уредник на strumicaonline.net и reper.net.mk.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top