Туристичките можности на земјава деновиве се претставуваат на саемот за туризам во Москва на кој учествуваат над 2.056 егзибитори и туристички компании како и 203 туристички дестинации. Се очекува саемот да го посетат над 50.000 постетители.
Како што соопшти Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ), Македонија се претстави со нов дизајн на штандот и нови промотивни материјали.
Претставници на Агенцијата се сретнаа со партнерите и со соработниците на рурскиот тур-оператор „7 Тур“, кој веќе неколку години носи руски туристи во Македонија и туристичките агенции „Амиго турс“ и „Интер-висам“.
Македонија на овој саем учествува четврта година што придонесе за зголемување на броjот на туристи од Русија за 40 проценти.
Годинава висината на субвенциите што има се даваат на туроператорите што ќе донесат странски гости во земјава, за рускиот пазар изнесува 65 евра по донесен турист за авионски организиран туристички промет.
Саемот за туризам во Москва се одржува од 18 до 21 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.