| четврток, 6 декември 2018 |

Вкупно 31 години затвор за обвинетите за кражба во Музејот на Македонија

muzej na makedonija

Вкупно триесет години затвор добија седумтемина обвинети за кражба на артефакти од Музејот на Македонија откако утрово во Основен суд 1 Скопје е објавена пресудата за нив.

Поранешниот директор на Музејот, Перо Јосифовски, доби највисока казна од 8,8 години.

Роднините на обвинетите реагираа нервозно и тврдеа дека случајот е монтиран.

Во истрагата и во судскиот процес досега не беа идентификувани крадците, ниту, пак, беа најдени украдените артефакти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top