Никола Митревски со одбраната 40 секунди пред крајот, и донесе бод на Македонија во мечот со Русија.
-Среќен сум што дадов свој придонес во освојувањето на бодот против големата Русија, но жалам што не направивме целосен пресврт бидејќи имавме можност за такво нешто. Не се оптоварувам со фактот кога и колку играм. Големината на нашата репрезентација е во тоа што без оглед на тоа кој колку игра, секој дава се од себе за Македонија. Без разлика колку сме на теренот, настојуваме да го одработиме тоа што се очекува од нас, да го дадеме максимумот и да се обидеме да стигнеме до победа. со Данска ќе биде погрешно ако се насочиме само кон Хансен, бидејќи Данците имаат голем број врвни играчи, кои ќе не казнат доколку не им обрнеме максимално внимание во одбраната. Тие се фаворити, но ние играме се подобро и ќе дадеме се од себе за да стигнеме до посакуваниот триумф – вели младиот херој од нашата репрезентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


