| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на фотографии од Роберт Јанкуловски посветени на Франкофонијата

По повод меѓународниот ден на Франкофонијата вечерва во „Мала станица“ во 19 часот ќе биде отворена изложба на фотографии (диџиграфии) на фотографот Роберт Јанкуловски, насловена „Поглед од прозорец“. Ќе бидат претставени 20 големоформатни фотографии снимени за време на студискиот престој на Јанкулоски во Париз, во септември и октомври минатата година. Проектот е инспириран од истоимената фотографија на еден од пронаоѓачите на фотографијата и на фотографскиот медиум, францускиот фотограф Жозеф Нисефор Ниепс. Станува збор за првата регистрирана фотографија направена како поглед од еден прозорец, со глетка на приградска панорама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top