Самостојна изложба на слики и цртежи на академската графичарка Билјана Василева кои се дел од циклусот „Ceep Calm and Have a Vagina”, ќе биде отворена вечерва во 20,30 часот во галеријата на МКЦ.
Ќе бидат презентирани 17 платна, акрил и масло, 8 акрили масла на дрво, мал формат и 15 цртежи, изработени 2012-2013 година. Изложбата која ќе ја отвори сликарот Горјан Ѓорѓиев е интимна визуелна исповед на авторката и порака до припадничките на поубавиот пол дека не треба (секогаш) да се служат со машки оружја во борбата за своето вистинско место во светот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.