| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: „Источно партнерство“ не е насочено против Русија

меркел

Програмата на Европската унија „Источно партнерство“ не е насочена против Русија и нема за цел нејзините учесници по секоја цена да влезат во ЕУ или НАТО, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

Таа пред Бундестагот истакна дека украинската криза влијае врз односите на Германија и на другите партнери на Исток.

– Украина, Грузија и Молдавија склучија Договор за асоцијација со ЕУ. Целта на тие договори е поддршка на земјите на Европа и изградба на функционална правна држава, на успешна пазарна економија, која ќе дозволи да се постигне подобра иднина  за луѓето од тие земји. Целта не е тие земји да влезат во ЕУ или во НАТО. Источното партнерство не е насочено против некого, не е насочено кон Русија – посочи Меркел.

Во Источно партнерство учествуваат шест поранешни советски република – Азербејџан, Белорусија, Грузија, Ерменија, Молдавија и Украина.

Меркел наведе и дека укинувањето ан санкциите кон Русија зависат од исполнување на Договорот од Минск. Таа додаде и дека Германија не го признава присоединувањето на Крим кон Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top