Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас вчера соопшти дека следниот месец со македонската страна ќе почне да разговара за мерките за градење доверба меѓу двете страни што наиде на силно противење од страна на опозициската Нова демократија.
Коѕиас во обраќањето пред собраниската Комисија за надворешни работи и одбрана рече дека мерките за доверба, воглавно ќе бидат со цел да се решат некои практични прашања, да се изгради подобра доверба и за да се олеснат преговорите во Обединетите нации. Тој информира дека веќе постои нацртсписок на мерки, кој ќе биде доставен до македонската страна, и како пример го наведе барањето да се отвори граничен премин кај Преспа што, меѓу другото, би придонело и за развој на туризмот.
Сепак, ова прашање предизвика остар приговор од страна на пратеникот на Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, според кого, тоа би бил „неурамнотежен договор“, бидејќи, како што наведе, „Грција не води иредентистичката политика кон Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.