| четврток, 6 декември 2018 |

Обама и Меркел со ист став: Нема омекнување на санкциите за Русија

A

Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел во телефонски разговор за Украина истакнаа дека нема да има никакви омекнувања на санкциите за Русија поради нејзината улога во кризата.

– Нема да има омекнување на санкциите за Русија додека Москва не ги исполни сите обврски кон договорот за прекин на огнот во Минск – соопшти Белата куќа.

Обама и Меркел изразија согласност за значењето на понатамошна економска поддршка за Украина, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top