Грчкиот премиер Алексис Ципрас вечерва во Брисел ќе има заедничка средба со германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и со други функционери од ЕУ.
– На барање на премиерот Ципрас, претседателот на ЕУ Доналд Туск ќе свика состанок посветен на Грција, по одржувањето на Европскиот совет, на кој ќе учествуваат канцеларката Ангела Меркел и претседателот Франсоа Оланд – изјави портпаролот на Туск.
На состанокот, кој ќе се одржи на маргините на самитот на ЕУ, ќе учествуваат и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, директорот на Европската централна банка Марио Драги и шефот на Еврогрупата Јероен Дијселблоем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меркел повторно прогласена за најмоќна жена во светот
-
Наследникот на Меркел доаѓа од компанија што „управува со светот“?
-
Ројтерс: Ципрас обезбеди доволен број гласови за ратификација Преспанскиот договор и без Каменос
-
Ефтов: Заев ја лажеше меѓународната заедница и со референдумот ги наруши нејзините позиции


