Словенија на Европската комисија предаде повеќе документи кои докажуваат дека виното теран е изворно словенечко вино со европска заштита, вели Дејан Жидан. Жидан, кој е словенечки министер за земјоделство, додаде дека Љубљана лобира во Европа за тоа да остане така.
На Брисел му е предаден југословенски закон за вино од 1970 година од кој се гледа дека теран во Словенија било заштитено вино, како и стручна студија од 2014 година, која ги аргументира словенечките тврдења за теран, а подготвен е во соработка со Хрватска, рече Жидан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


