| четврток, 6 декември 2018 |

Кој пее зло не мисли: Чаша вино и пеење – навики што ќе ви помогнат да доживеете 100-ка

Луѓето со потекло од Окинава имаат најдолг животен век и неретко живеат повеќе од 100 години. Еве која е нивната тајна…

Религиозните луѓе живеат подолго

Религиозните луѓе живеат до 6 години подолго од атеистите, тврдат истражувањата од Универзитетот во Охајо. Без разлика дали верувате во нешто духовно или политичко, научниците велат дека токму тоа ни помага да се справиме со стресот. А стресот е превенција за многу болести!

Оженете се

Кај женетите мажи постојат помали шанси за појава на срцеви заболувања, за разлика од оние кои не се во брак.

Една чашка дневно за подолг живот

Додека честото опивање го скратува животот, чашата вино го продолжува. Американските кардиолози сметаат дека една чаша црно вино кај жените и две чаши кај мажите го намалуваат ризикот од болести на срцето.

Дружете се

Блиските пријателства и квалитетните семејни односи го продолжуваат животот. Пријателите се нашата емоционална поддршка и ни помагаат да се справуваме со стресот, а тоа се одразува и на нашето стареење.

Престанете да јадете кога ќе почувствувате дека сте речиси сити

Луѓето со потекло од Окинава имаат најдолг животен век. Па, која е нивната тајна? Престануваат со јадење кога се 80% сити.

Пејте секој ден

Научниците од Харвард и Јејл откриле дека членовите на хорови живеат подолго, затоа што пеењето го намалува стресот – главниот причинител на многу болести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top