Македонската футсал репрезентација не успеа да слави против Унгарија на премиерниот меч за нас од квалификацискиот турнир за пласман на ЕП.
Македонија постојано водеше, најпрво со 2-0, потоа и со 3-2, но несреќниот автогол на една минута до крајот ја спречи комплетната радост во нашиот табор.
Агуши си постигна автогол, со што им донесе реми на Унгарците. По ова избраниците на селекторот Васко Скендеровски ќе мора на наредните два меча, да се борат и за подобра гол–разлика ако се знае дека од останатите ривали со кои ќе играат Шпанија е огромен фаворит, а Швајцарија е аутсајдер во квалификациската група.
Во првиот меч на турнирот Шпанија ја декласираше Швајцарија со 9-1 и ја истакна кандидатурата за првото место, како главен фаворит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.