| четврток, 6 декември 2018 |

Балкански наркодилери уапсени во Шпанија

кокаин

Хрват, Србин и Црногорец се уапсени на една јахта во водите кај Валенсија, поради шверцување на речиси 300 килограми кокаин.

Агентите на шпанската даночна агенција, во рамките на завршувањето на големата акција која ја спроведоа минатата недела со Националната полиција, на јахтата открија 289 килограми кокаин.

Членовите на екипажот фрлиле дел од илегалниот товар во морето, како и мобилните телефони и навигацискиот уред, на кој најверојатно била запишна дестинацијата на дрогата.

Вредноста на кокаинот се проценува над 15 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top