Третина од болниците и клиниките во земјите во развој немаат доволно персолнал, но немаат и сапун. Скоро 40 отсто нема вода, истакна во својот извештај Светската здравствена организација (СЗО). Заради тоа секоја година половвина милион бебиња умираат пред да наполнат еден месец, пишува „Фокс њуз“.
Ризик од предвремена смрт се намалаува ако секое петто дете би се бањало во чиста вода и условите во болниците би биле хигиенски, истакнаа од СЗО.
Раѓањето на бебиња во нехигиенски услови го осудува дететот на прерана смрт која лесно може да се избегне. Чиста питка вода и добри хигиенски услови треба да бидат основа за секоја клиника или болница.
Нехииенските услови, освен што предизвикуваат прерана смрт на доенчињата, го зголемуваат ризикот од опасни болести како што е епидемијата на колера во Конго, Танзанија и јужен Судан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.