| четврток, 6 декември 2018 |

Петиција против Земан поради неговите изјави за Украина

земан

Противниците на чешкиот претседател Милош Земан, кои минатата година против него организираа демонстрации, со петиција потпишана од 11.000 граѓани бараат Горниот дом на чешкиот Парламент да расправа за изјавите на Земан во врска со Украина и доколку е потребно да поднесе тужба за прекршување на Уставот на земјата, јави дописникот на МИА од Прага.

На потписниците на петицијата со наслов „Претседателе одете си“ им пречи изјавата на Земан од пред неколку месеци дека во Украина има граѓанска војна. Тие сметаат дека Земан не го почитувал Уставот на земјата и ширел руска пропаганда, а со поддршка на Кина го „газел“ вредносниот систем на чешките норми.

Според законот, Сенатот мора да разгледува петиции со најмалку 10.000 потписи и доколку оцени дека е потребно може да предложи таа да биде ставена на дневен ред на Долниот дом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top