Навивачите на Пари Сен Жермен уште не може да се помират со фактот дека нивниот тим е елиминиран од Лигата на шампионите. Францускиот првак имаше предност од 4-0 против Барселона, но на реваншот на „Камп Ноу“ загуби со 1-6 и на тој начин беше елиминиран. Тоа беше прв пат еден тим да биде елиминиран, откако имал позитива од четири голови по првиот меч.
Навивачот на ПСЖ, Луис Мелендо Олмедо вели дека добро го анализирал мечот и констатирал дека има дури 13 големи судиски грешки, на сметка на францускиот шампион. Затоа Олмедо започнал да собира потписи, за преигрување на реваншот против Барселона, но и за казнување на судијата Денис Ајтекин.
Досега се собрани 70.000 потписи на луѓе кои се сложуваат дека мечот треба да се преигра. Досега никогаш не се случило еден меч да се преигра по барање на навивачите, па тешко дека и оваа иницијатива на навивачите на ПСЖ, ќе биде прифатена од челниците на европската фудбалска федерација, УЕФА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.