Во Старата скопска чаршија се одржа промоција на книгата “Познати Бошњаци од Македонија” чии автори се Доц. Д-р Зеќир Рамчиловиќ и М-р Неџад Мехмедовиќ.
Промотори на книгата беа писателот Шефкија Боранчиќ и новинарот Адмир Фалзагиќ, додека издавач е “Младинска културна асоцијација на Бошњаците во Македонија – ШАДРВАН”.
Во книгата се наброени 811 познати Бошњаци поделени во три периоди: До крајот на Втората светска војна, по Втората светска војна до самостојноста на Македонија и Република Македонија и нејзините Бошњаци денес.
Последниот период е најброен и истиот е поделен на неколку сегменти: култура, книжевност и уметност; научници и интелектуалци; просвета; спорт; музика; јавни функции; стопанственици; останати познати Бошњаци.
Книгата може да се купи во книжарниците на Табернакул по цена од 300 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.