Годинашни добитиници на највиското признание, наградата „Гран При“ на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ се учениците од ликовното студио “Yeow Chue” од Малезија.
Наградата за најуспешните млади ликовни творци ќе се додели на 24-ти мај во Битола кога почнува 34-то издание на светски познатата ликовна колонија за деца „Мал битолски Монмартр“.
– Оваа година на меѓународниот ликовен конкурс учествуваа 305 училишта со вкупно 11.770 цртежи од 31 држава во светот. Меѓународното стручно жири одлучи наградата „Гран При“ да им се додели на учениците од ликовното студио “Yeow Chue” од Малезија кои веќе потврдија дека ќе дојдат на 24-ти мај на свеченото отворање на колонијата и ќе престојуваат во Битола. Освен децата од Малезија, наградени се и ученици од Кина, Украина, Тајланд, Чешка, Индонезија, Египет, Словачка и други држави, соопшти раководителот и организатор на манифестацијата, Коста Хаџиантоновски.
Со одлука на меѓународното стручно жири 28 ученици освоија „златна четка“, 140 „златна палета“, 249 ученици дипломи за поединечни остварувања.
На меѓународната изложба „Битола 2015“ ќе бидат презентирани 670 творби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.