| четврток, 6 декември 2018 |

„Брзи и бесни 7“ ја расплака публиката

 

brziibesni7

Неофицијалната проекција на „Брзи и бесни 7“ ја расплака публиката на фестивалот „Саут бај Саутвест“, пренесе Ројтерс.

Официјалната премиера на филмот е на 3 април.

„Брзи и бесни 7“ е последниот филм во кој глуми актерот Пол Вокер, кој беше незаменлив дел од серијата. Четириесет годишниот Вокер загина во сообраќајна несреќа на 30 ноември 2013 година. Пред својата смрт актерот ги имаше снимено повеќето сцени во кои тој учествува.

Снимањето беше привремено стопирано, за да креаторите на филмот најдат решение како да продолжат без него. Малкуте останати сцени беа снимени со неговите браќата Коди и Калеб.

Пред проекцијата продуцентот Нил Мориц ги повика присутните да не откриваат што се случува со херојот на Пол Вокер во „Брзи и бесни 7“.

d3820b34350b14a55983c016fbc9d3f0

– Правејќи го овој филм, изгубивме драг пријател, брат, колега. Кога решивме да продолжиме, не водеше желбата да го испочитуваме Пол и да ја покажеме љубовта кон него, изјави Мориц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top