| четврток, 6 декември 2018 |

Во „Брзи и бесни 8“ Пол Вокер ќе го замени актер со славно презиме (фото)

„Универзал студио“ претстави уште едно ново име за осмото продолжение на „Брзи и бесни 8“. Покрај Шарлиз Терон, во осмото продолжение на популарната филмска серија својот ангажман го потврди и Скот Иствуд, син на легендарниот актер Клинт Иствуд.
FJyQ01H5CjY

Иако засега не е познато која ќе биде неговата улога, многумина претпоставуваат дека Скот ќе глуми полицаец на тајна задача, баш како и починатиот Пол Вокер, кој се прослави со таквата улога во филмот.

Иствуд и Вокер биле блиски пријатели, па затоа оваа улога за Скот е посебна.

istvud 4

Тешко е да се изразам со зборови колку сум возбуден што ќе бидам дел од новите „Брзи и бесни 8“. За мене тоа е многу повеќе од една филмска серија. За мене тоа е еден вид наследство, напиша меѓу другото Скот на својот профил на „Инстаграм“ и додаде: „Пол, ќе те направам горд“.

Осмото продолжение на „Брзи и бесни“ со Џејсон Статам, Вин Дизел и Мишел Родригез во главните улоги ќе почне со прикажување на 14 април в година.

istvud

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top