„Порше“ официјално одговори на обвинувањата за фабричка грешка во дизајнот на „Porsche Carrera GT“, откако истите беа покренати од Медоу Вокер.
Ќерка на актерот Пол Вокер, ја обвини германската компанија во намерно прикривање на грешка, која го чинела живот нејзиниот татко. Адвокатите на девојката во судот изјавија дека актерот починал во огнениот пекол, а не како последица на високата брзина.
Од „Порше“ објасниле дека секогаш жалат кога човек ќе настрада во нивен автомобил, но се потпираат на извештаите на властите, кои јасно покажуваат дека смртта настапила како последица од ударот и високата брзина со која автомобилот бил возен.
Официјалната верзија е дека машината летала со 150 км / ч. Според податоците во претходното дело, автомобилот се поделил на два дела, а ременот на Пол Вокер успеал да го запре, но силата на ударот била толку сериозна што ги крши ребрата и неговата карлица.
Адвокатите на госпоѓица Вокер имаат друга верзија и сметаат дека актерот живеел уште 1 минута и 20 секунди. Обвиненијата продолжуваат да се насочуваат и кон стабилизирачкиот систем на возилото, кој според нив, има негативно реноме точно во овој модел.
Во заклучокот, обвиненителот наведува дека овој автомобил е опасен и не треба да биде пуштан на улица, како и инсистира на исплата на сериозен надоместок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Замислете си го прашањето и одговорот ќе те одбере тебе: Кругот на Нострадамус точно ја открива иднината!
-
Грчките медиуми очекуваат позитивен одговор од Заев за „Република Северна Македонија“ ерга омнес
-
Произведуваа автомобили, а сега почнаа и нешто друго: „Порше“ започна со производство на мед
-
Опожарено „поршето“ на скопски газда во Градски парк