| четврток, 6 декември 2018 |

Фондот за иновации поблиску до граѓаните со своја канцеларија за контакти

фонд

Фондот за иновации и технолошки развој воспоставува канцеларија за контакти со цел доближување на програмите на Фондот до потенцијалните кандидати и поголема достапност на информациите за првиот отворен повик за инструментот Kофинансирани грантови за стартап, спиноф трговски друштва и иновации, за сите заинтересирани.

Канцеларијата, која е отворена од денеска, ќе работи во рамки на народната канцеларија на претседателот на Република Македонија во Скопје.

Соработката меѓу Фондот за иновации и технолошки развој и претседателот на Република Македонија,  Ѓорге Иванов се воспоставува со намера да се обезбеди уште еден канал за комуникација со граѓаните во врска со можностите за развој на иновативни идеи преку програмите на Фондот за иновации и технолошки развој.

Во просториите на народната канцеларија на претседателот на Република Македонија во Скопје, заинтересираните може да се обратат за сите информации во врска со отворениот повик, како и останатите програми и активности на Фондот.

Сите заинтересирани лица може да добијат информации од вработените од Фондот за иновации и технолошки развој секој работен ден од 9 до 17 часот.

Фондот за иновации и технолошки развој го отвори првиот повик за инструментот Kофинансирани грантови за стартап, спиноф трговски друштва и иновации. Инструментот е наменет за финансирање, микро, мали и средни претпријатија регистрирани во Република Македонија, кои постојат најмногу шест години, а е со цел поттикнување на иновативноста кај претпријатија, спроведување иновативни решенија и поддршка на претпријатија што имаат висок потенцијал за растеж. За повикот се обезбедени средства во износ од 600.000 евра и рокот за поднесување апликации е 18 април 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top