| четврток, 6 декември 2018 |

Никовски: Не е можно Грција да не е вмешана во кризата наметната од Заев

Не е можно Грција да не е вмешана во кризата наметната од лидерот на СДСМ Зоран Заев, смета Ристо Никовски, долгогодишен дипломат и аналитичар.

– Сега е некаква дилема дали се странските служби инволвирани или не. Странските служби во еден ваков настан во Македонија не може да бидат надвор – истакна Никовски, во „Дневник плус“ на телевизија „Канал 5“.

Дали тие директно прислушувале или ги користеле нашите служби, според Никовски, тоа е ирелевантно.

– Менаџерот, носителот на тоа е некој од надвор. Мислам дека кај нас некои се залетале сметајќи на некои краткорочни придобивки и прават невидена штета на државата – истакна Никовски.

Тој оцени дека сето ова што се случува е еден континуитет, едно сценарио што е почнато на почетокот на 90-тите години.

– Таа генеза почна во деведесеттите години на минатиот век, кога не нè признаваа, кога ни го оспорија името, кога ни наметнаа војна во 2001 година, па блокада и уцена во 2008 година итн. Тие што ги игнорираа ОН, повелбата и Уставот на Обединетите нации, го игнорираа ХАГ, го игнорираа меѓународното право преку привремената спогодба, зар тие што сакаат да нè уништат, сакаат да нè прекрстат можно ли е во една ваква криза да стојат надвор и да бидат надвор. Тоа не е возможно, нема логика никаква. Значи се работи за еден континуитет – додаде Никовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top