| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Наводите дека поседувам имот кој не е во мојот анкетен лист се невистинити и измислени

Премиерот Никола Груевски ги демантираше наводите изјавени од Зоран Заев дека купувал градежни плацеви и дека наводно бил сопственик на било каков плац кој не е пријавен во неговиот имотен лист, потенцирајќи дека овие наводи се целосно измислени и невистинити.

-Најостро ги демантирам, како целосно невистинити, наводите изјавени од Зоран Заев за тоа дека наводно сум купувал градежни плацеви и дека наводно сум сопственик на било каков плац, или пак на било каков начин поседувам имот надвор од оној кој е пријавен во мојот анкетен лист, кој е јавно објавен, се вели во демантот.

Овие наводи, се вели во соопштението, се целосно измислени и невистинити.

-Тоа  се лаги и конструкции чија цел е јасна, а тоа е моја компромитација, како дел од сценариото кое овој човек го одработува. Очигледно откако сфаќаат дека ефектот од ова што го прави Зоран Заев е далеку од она што го очекуваа, тој се повеќе се заглавува во нови и нови конструкции и на тој начин сака да го дефокусира вниманието од неговата лична одговорност базирана на злоупотреби и тешки кривични дела, стои во демантот од премиерот Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top