| четврток, 6 декември 2018 |

Салатата на Џенифер Анистон

00040247

Извонредната форма на 46 годишната ѕвезда сигурно не и паднала од небо.

Која е омилена рецепта на вечната Рејчел Грин? Се испостави дека тоа е многу вкусна салата со киноа.

Потребни производи:

½ чаша за чај киноа

1 чаша за чај вода

малку сол

1 врска магдонос, ситно сецкан

4 мали краставици, исчистени од семки и сецкани

2 средно големи домати, исечени на коцки

1 зрело авокадо, исецкано

2-3 супени лажици маслиново масло

сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

Во мало тендџерчеа зовријте ја водата, заедно со солта.

Додајте го киноа семето, покријте со капак и намалете ја температурата. Оставете да врие 15 минути.

Исцедете и истурете го киноата во сад, и оставете да се излади.

Додајте го магдоносот, краставиците, доматите, авокадото и маслиновото масло.

Зачинете по вкус, промешајте и сервирајте.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top