Во вторник, (17.03.) во Македонската опера и балет, ќе биде изведена репризната изведба на операта „Адријана Лекуврер“ од Франческо Чилеа. Се работи за најизведуваното дело од овој автор, а во подготовката на премиерата, која се одржа во петок на (13.03.) учествуваше интернационална екипа. Режисер е Енрико Кастиљоне, диригент, Стефано Романи, двајцата од Италија. Сценограф, Александар Златовиќ, костимограф, Весна Радовиќ, од Србија. Кореограф е Олга Панго.
Изведувачкоит дел од екипата на репризата, го сочинуваат: Сандра Митровска, во насловната улога, Маурицио (тенор)-Иван Момиров (Бугарија), Принцеза де Бујон (мецосопран)-Марика Поповиќ, Принц де Бујон (бас)-Александар Стефановски, Игуменот од Шазеј (тенор)-Јане Дунимаглоски, Мишоне, менаџер на сцена (баритон)-Марјан Јованоски, Госпоѓица Жувено (сопран)-Биљана Јосифов, Госпоѓица Данжевил (мецосопран)-Николина Јаневска, Поисо (Риба) (тенор)-Никола Стојчески, Кино (бас)-Диме Петров, Мајор (тенор)-Зоран Данилов.
Учествуваат, оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.