Во жестоките судири помеѓу припадници на ИСИС и ирачките сили за безбедност, кои се борат за контрола над градот Тикрит, гробот на поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин е целосно срамнет со земја, јавуваат светските медиуми.
На видео записот на „Асошиејтед прес“ од селото Ал Авја, кое се наоѓа на 13 километри јужно од Тикрит се гледа дека од комплексот останале само потпорните столбови кои некогаш го држеле покривот.
Тикрит се наоѓа под контрола на Исламска држава од јуни минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.