Џанг Лијонг од провинцијата Сечуан во Кина ја потрошил сета своја заштеда да ја излекува својата болна ќерка, на која болеста и ја дијагностицирале кога имала само два месеца. Бидејќи веќе немал каде ископал гроб за ќерка си каде ја носи секој ден и лежи во него со малечката за да може да се навикне на местото на кое ќе почива.
За лекување на малечката Џанг Сјинли родителите потрошиле повеќе од 18 илјади евра, а мајка и Денг Мин заработувала само 400 евра месечно и тие повеќе немале пари за терапии.
Кога лекарите им рекле дека не им се совпаѓа крвта, тие решиле да добијат второ дете, кое треба да се роди следниот месец. Меѓутоа во меѓувреме сфатиле дека трошоците за трансплантација се преголеми. Затоа несреќниот татко решил да ископа гроб на нивната фарма за да почнат да се подготвуваат за трагичниот момент.
“Ја носам тука да си игра. Тука ќе и биде местото на кое ќе почива. Се што можам е да бидам со неа по цел ден, секој ден, раскажал татко `.
Кога веста се раширила низ кинеските медиуми почнала акција за собирање средства за лекување на малечката, но прашање е дали има време за операција.
Инаку, на девојченцето и била дијагностицирана таласемија, наследно пореметување на крва. Луѓето кои боледуваат од оваа болест имаат малку или немаат воопшто хемоглобин. На пациентите кои ја имаат оваа болест им е потребно долготрајно лекување со трансфузија на крв.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Пораснаа децата на поранешниот претседател, Борис Трајковски!
-
Живот од бајките со трагичен крај: Ова е убавата ќерка на сопственикот на Лестер која загина со татко и
-
Се роди Илина, ќерката на Сара и Димитар (ФОТО)