| четврток, 6 декември 2018 |

Бил ли Жерновски злупотребен во пресметката во СДСМ или уште една режија на Црвенковски?

Што се случува во СДСМ, бил ли градоначалникот на Центар и екс лидер на Либералната партија Андреј Жерновски  наместен од раководството на СДСМ или пак точно знаел што содржат цедињата со компромитирачки материјал за екс лидерот на СДСМ Црвенковски и сакал да му се одмазди затоа што преку него тргувал со ВМРО = ДПМНЕ?

Или во прашање е уште една од големите манипулации на Бранко Црвенковски?

Ивори во СДСМ тврдат дека Жерновски точно знаел што прави пред да го дистрибуира аудиото во кое што шефот на УБК Мијалков раскажува како Бранко Црвенковски на последните локални избори нудел СДСМ да гласа за кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ во општина Центар а за возврат во Карпош власта да ги насочи своите гласови против Стевче Јакимовски за да победи Андреј Петров.

 

Жерновски иако на пресот не го објавил делот со компромитирачкиот материјал за Црвенковски точно знаел што има во него. Тој наводно го прифатил предлогот на Заев да го објават материјалот и со тоа да го намалат притисокот од групата под контрола Црвенковски во СДСМ кое што постојано бара одговорност од Заев и Шекеринска за пропаста во која се води партијата.

Наспроти ова извори во Либералната партија каде што Жерновски донеодамна беше претседател тврдат дека од СДСМ  на Жерновски му биле дадени дел од материјалите кои што  требало да бидат објавени на прес конференцијата но не му било кажано дека во дистрибуираните цедиња за новинарите имало материјал кој што власта целосно ја расчистува фамата околку наводното убиство на Младенов и ги открива манипулациите на Црвенковски кој што не можел да се помири што ниту еден од неговите кандидати не успеал да победи на локалните избори во скопските општини.

Добро упатени членови на СДСМ кои што сега не се дел од највисоките партиски структури велат дека сепак не треба апсолутно да се верува во партиските неофицијални брифинзи затоа што тие не ја исклучуваат можноста Црвенковски свесен дека неговиот имиџ на патрон на лидерот на СДСМ му прави штета на Заев свесно дозволил емитување на компромитирачките материјали за него со цел да се изглуми лажна кавга во партијата и да се зголеми поддршката за Заев кај неопределените.

Лесното признание на СДСМ од каде веднаш за нивните медиуми признаа дека се работи за грешка и одбивањето на Црвенковски да ги коментира аудио материјалите за него наведува дека сепак зад наводната „грешка“ стои екс лидерот на СДСМ чиј што доживотен должник е сегашниот лидер на партијата помилуван од својот партиски шеф за случајот Глобал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top