Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски експресно се навикна на начинот на игра во силната АЦБ лига во Шпанија и се претвора во клучниот кошаркар на Ривер Андора во битката за опстанок.
Со 17 поени Војдан вечерва беше најефикасниот играч во победата на Ривер Андора против Лагуна Канарија со 73-58. Македонецот минатата недела го заслужи епитетот играч на колото заедно со ѕвездата на Реал Мадрид, Руди Фернадез, а викендов повторно блесна со импресивен настап.
Покрај 17 поени, Стојановски забележа и 4 асистенции и 3 скока за мошне важна победа на својот тим. Војдан пристигна во Ривер Андора од редовите на Алба Берлин и засега одлично се снаоѓа во елитната шпанска лига, која е една од најдобрите во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето