| четврток, 6 декември 2018 |

Мојсоски: Како минува првенството играме се подобро

Македонија го одигра најдобриот натпревар на шампионатот против Русија во четвртото коло од Б групата на СП во Шпанија, а нашиот репрезентативец Наумче Мојсоски е задоволен од ремито, 29-29.

-Играме се подорбо како одминува шампионатот, иако ни останува да ги елиминираме техничките грешки. Почнавме добро во одбраната против Русија, но притисокот и императивот за добар резултат, внесе несигурност во нашите редови. Добро е што бевме побрзи во транзицијата од напад во одбрана и обратно. Еден ден пауза пред дуелот со Данска е добредојден за на с, да ги освежиме редовите – рече Мојсоски. И тој одигра подобро од стартните претстави што не беа на врвно ниво во однос на неговиот квалитет. Наумче даде 2 гола против Русија, а од него се очекува да блесне против Данска, задутре во последниот дуел за Македонија во првата фаза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top