Фабриката за производство на феролегури, Југохром од Јегуновце, започна со имплементација на проектот со кој се предвидува изградба на филтер станици за прочистување на издувните гасови од производството. Се очекува филтер станиците да бидат готови до крајот на годинава, информираат од компанијата..
Оттаму посочуваат дека работата на филтер станиците покрај заштита на животната средина ќе овозможи и нови вработувања во фабриката која во моментов работи со половина капацитет и има над 1.000 вработени.
Целокупната инвестиција која опфаќа изградба и опремување на три филтер станици, планирано е да се заврши до крајот на оваа година. Изградбата на филтер станиците чиј габарит ги надминува дури и димензиите на производствените погони на фабриката, ќе овозможи задржување на прашината која се создава со производство на феросилициум и прочистување на чадот кој се испушта од фабриката до ниво на концентрација на ПМ10 честички од 10 милиграми на метар кубен, валат од компанијата и нагласуваат дека според позитивните прописи дозволената концентрација на ПМ10 честички во воздухот изнесува 50 милиграми на метар кубен.
Југохром, произведува феросилициум, легура која во главно се користи како суровина во челичната индустрија. Учествува со 0,9 проценти во БДП на земјава и 7 отсто во извозот од металопреработувачката индустрија.
– За реализација на инвестициски проект од оваа големина потребни се време и финансиски средства. Оттука со задоволство можам да кажам дека Југохром го започна овој инвестициски процес, за чија реализација во најголем дел се ангажирани домашни компании. До крајот на оваа година можеме да очекуваме заокружување на инвестицијата, а со тоа и зголемување на искористеноста на капацитетите на фабриката и нови вработувања – изјави Славко Стојчески, технички директор во Југохром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Југохром“ со кредит од Владата ќе купува филтри
-
Синдикатот на „Југохром“ бара средба со Заев, во спротивно најавува протести пред Владата
-
Теута Арифи бараше затворање на „Југохром“, луѓето останаа без работа, a Тетово е повторно најзагаден град
-
Димитриев и Пешевски на средба со синдикатот и менаџерскиот тим на Југохром