| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба „Од Константинопол до Истанбул“ во Националната галерија во Скопје

Изложбата „Од Константинопол до Истанбул“ од средината на 19 век до 20 век го претставува некогашниот Истанбул со грандиозните објекти, секојдневниот живот и интересните личности. По Сараево и Тирана, во рамки на „Културните уметнички дијалози Турција- Балкански Полуостров“ конечно и во Скопје ќе биде претставена изложбата Збирка на фотографии за Босфор од средината на 19 век до 20 век наречена „Од Константинопол до Истанбул“.

Изложбата органиизирана во рамки на проектот „Меѓукултурен уметнички дијалог Турција- Балкански Полуостров“ во соработка со Пера Музеј на Фондацијата на Суна и Инан Крач, Истанбулското Здружение за меѓукултурна уметничка соработка ИКАДС и Институтот Јунус Емре е поддржана од Националната Комисија на УНЕСКО на Турција.

Изложбата „Од Константинопол до Истанбул“ – од средината на 19 век до 20 век го претставува некогашниот Истанбул со грандиозните објекти, секојдневниот живот и интересните личности.

Изложбата ќе може да се посети во периодот од 15 до 30 март во Националната уметничка галерија во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top