| четврток, 6 декември 2018 |

Гундоган избра каде ќе ја продолжи кариерата

Германскиот фудбалер Илкај Гундоган, кој настапува за Борусија Дортмунд, покажа во чиј дрес сака да настапува во иднина.
Овој 24-годишен фудбалер од средината на теренот на својата адреса доби безброј понуди од Премиер-лигата, меѓу кои и од најдобрите тимови од островото, но тој нема дилеми околу изборот. Според англиските медиуми за него во Англија постои само еден тим, Манчестер јунајтед.
Интересирањето на „црвените ѓаволи“ е огромно и, секако, нема да жалат пари за да го доведат во своите редови ова лето.
Во прилог на тоа оди и информацијата дека менаџерот Луис ван Гал ќе има на располагање неверојатни 150 милиони фунти за нови засилувања во тимот. Од друга страна Гундоган има договор со Борусија Дортмунд до јуни 2016 година, но одолговчеувањето за потпишување на нов, се погоголеми се шансите да следната сезона овој фантастичен фудбалер да го гледаме во Премиер-лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top