Рускиот претседател Владимир Путин го нема во јавноста веќе седум дена поради среќен повод, објави италијанска „Република“.
Имено, според весникот, Путин бил во швајцарскиот град Лугано каде што треба да се роди неговото дете од поранешната олимписка шампионка во ритмичка гимнастика Алина Кабаева.
„Република“ за ваквите наводи се повикува на швајцарски медиуми – радиото „Ер-Ес-И“ и на весникот „Блик“.
Според нив, 32-годишната Кабаева, за која со години се тврди дека е пријателка на Путин, била регистрирана како пациентка во престижната клиника „Санта Ана“ во околината на Лугано.
Швајцарските медиуми тврдат дека Кабаева и 62-годишниот Путин резервирале две соби во клиниката. Една за родилката Кабаева и другата за роднини и за обезбедување.
Медиумите тврдат дека породувањето треба да биде во најскоро време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


