| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо по елиминацијата од ЛШ ќе биде награден со нов договор и 100 милиони евра

Позициите на Жозе Мурињо во Челси по елиминацијата од Лигата на шампионите воопшто не се раздрмани туку напротив, сопственикот на тимот, рускиот моќник Роман Абрамович ќе му понуди нов договор и ќе му обезбеди нови 100 милиони евра за засилувања за следната година.
Мурињо и би останал менаџер на тимот дури и ако не ја освои титулата во Премиер-лигата оваа сезона.
Тој последен пат бил елиминран во осминафиналето во сезоната 2008/2009 година кога беше тренер на Интер, а следната сезона ја покори Европа. Дали истото ќе се случи и во Челси, останува да се види.

Роман Амбрамович се чини како воопшто да не му е лут на Мурињо по елиминацијата од ПСЖ, затоа што сака да го задржи во тимот долг период, па затоа за следната сезона веќе е подготвен да потроши дополнителни 100 милиони евра.
Португалецот веќе ги посочил фудбалерите што сака да ги доведе во Лондон. Секако, неговите размислувања се да го засили последниот ред од одбраната, како и нападот.
Најзаинтересиран е за услугите на Варан од Реал Мадрид, како и на Маркињос од ПСЖ. Џон Тери ќе има скратена минутажа следната година, а Тери Кејхил, најверојано, ќе го напушти тимот. Ако успее да ги доведе и двајцата, тогаш ќе го реши приблемот за долг период. Од тие што се задолжени за постигнување погодоци, Дидие Дрогба ќе ја заврши кариерата, а Реми најави дека ќе замине во клуб каде ќе добие поголема минутажа. На нивно место Мурињо најави дека го посакува Дибала од Палермо, кој има фантастична сезона, и Даглаш Коста од Шахтјор, кој јавно изрази желба да се пресели на „Стенфорд бриџ“.

Дел од парите Абрамович ќе ги обезбеди од новиот спонзорски договор со Јокохама, која секоја година го полни буџетот на Челси со 50 милиони евра, а дел ќе бидат обезбедени од продажба на некои играчи, Кејхил, Оби Микел, Рамиреш…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top