| четврток, 6 декември 2018 |

Единаесет малолетници од Индонезија сакале да се приклучат на ИД

исламисти

Индонезиските власти денеска соопштија дека е формиран тим кој со турската полиција ќе учествува во истрагата за нарачателите и мотивите за обидот на група од 16 жители на Индонезија илегално да влезат во Сирија преку Турција.

Групата Индонезијци, кои биле уапсени во близина на турската граница со Сирија, при сослушувањето рекле дека сакале да стигнат до сирискиот град Алепо.

Во групата индонезиски граѓани биле еден маж, четири жени и дури 11 малолетници. На полицијата во Газиантеп им признале дека одат на територијата под контрола на групата Исламска држава, каде што, наводно, се наоѓаат сопрузите и родителите на приведените.

Малолетниците и нивните придружници допатувале во Турција со десетдневен туристички аранжман, но се одвоиле од групата и тргнале кон Сирија.

Откривањето на малолетничката група, очигледно регрутирана за борбите на ИД, ја зајакна иницијативата Индонезија да донесе построги закони за антитерористички активности. Индонезија формално го осудува радикалното исламистичко движење, но засега единствената казна за учесниците е одземање на нивните пасоши.

Според медиумите во Џакарта, досега повеќ од 600 лица од Индонезија биле регрутирани како борци на Исламската држава. Неколку пати се откриени логори за обука на џихадисти на Суматра, но, освен притворање на организаторите, не се преземени други мерки бидејки обуката законски не се третира како криминален акт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top