| четврток, 6 декември 2018 |

Кој го слушна Кери?

Иа­ко со очиг­лед­на опас­ност из­ја­ва­та да би­де тре­ти­ра­на ка­ко спро­тив­на на аме­ри­кан­ски­те парт­не­ри, гер­ман­ско­то МНР да­де пре­циз­на и прин­ци­пи­ел­на по­зи­ци­ја на мож­но­ста бал­кан­ски­те зем­ји да со­ра­бо­ту­ва­ат со Ру­си­ја. Со тоа офи­ци­ја­лен Бер­лин јав­но да­де под­др­шка на мож­но­ста Ма­ке­до­ни­ја пре­ку га­со­во­дот „Тур­ски тек“, пре­ку Гр­ци­ја, да дој­де до тол­ку по­са­ку­ва­на­та тра­са ко­ја на­та­му во­ди до Ср­би­ја и до Ун­га­ри­ја, а от­та­му и до Ав­стри­ја, Ита­ли­ја и до дру­ги европ­ски зем­ји

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

За вре­ме на по­се­та­та на ста­ро-но­ви­от ко­сов­ски пре­ми­ер Ха­шим Та­чи на Бер­лин се оби­дов да до­би­јам од­го­вор на пра­ша­ње­то ка­ко Гер­ма­ни­ја, ка­ко гла­вен парт­нер на САД во Евро­па, ја тол­ку­ва из­ја­ва­та на аме­ри­кан­ски­от др­жа­вен се­кре­тар Џон Ке­ри за зем­ји­те што се дел од ли­ни­ја­та на ог­нот ме­ѓу Ру­си­ја и САД. За жал, на прес-кон­фе­рен­ци­ја­та не до­бив мож­ност да го по­ста­вам пра­ша­ње­то на ми­ни­сте­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти на Гер­ма­ни­ја, Франк Вал­тер Штајн­ма­ер, и на го­сти­нот од Ко­со­во, но не по­ра­ди не­ка­ква по­ли­тич­ка при­чи­на или не­при­јат­ност на до­ма­ќи­ни­те, ту­ку по­ра­ди со­се­ма дру­га ра­бо­та. До­ма­ќи­ни­те, а бо­га­ми и го­сти­те, не зна­е­ја за из­ја­ва­та на Ке­ри. Два де­на по­доц­на отка­ко пис­ме­но им го до­ста­вив пра­ша­ње­то на кон­та­кти­те во гер­ман­ско­то Ми­ни­стерс­тво за над­во­реш­ни ра­бо­ти, до­бив од­го­вор и исти­от бе­ше об­ја­вен пре­ку МИА и оста­на­ти­те ма­ке­дон­ски ме­ди­у­ми што го пре­зе­доа. За раз­ли­ка од од­го­во­рот, кој иа­ко не­о­че­ку­ван и спро­ти­вен на аме­ри­кан­ски­те по­зи­ции, за ме­не вчу­до­ви­ду­вач­ки бе­ше тоа што во Гер­ма­ни­ја, а и ме­ѓу но­ви­на­ри­те од Ко­со­во, ни­кој не зна­е­ше за из­ја­ва­та на Ке­ри.

Ко­ле­ги­те од ко­сов­ски­те ме­ди­у­ми што беа во де­ле­га­ци­ја­та со пре­ми­е­рот Та­чи пр­во не ве­ру­ваа де­ка Ке­ри го спом­нал Ко­со­во, а ко­га на ин­тер­нет им го пу­штив де­лот од го­во­рот на Ке­ри (на 1.34 ми­ну­ти) ко­га ана­ли­зи­ра ка­де се че­ти­ри­те бал­кан­ски и три­те источ­но­е­вроп­ски зем­ји/об­ла­сти (Гру­зи­ја, Мол­да­ви­ја и Транс­ни­стри­ја), вид­но збу­не­ти поч­наа да се кон­сул­ти­ра­ат ме­ѓу се­бе. Зак­лу­чо­кот бе­ше де­ка е чуд­но зо­што тие не зна­ат за оваа „вест-бом­ба“, а вед­наш по­тоа, ве­ро­јат­но по кон­сул­та­ции со ка­би­не­тот на Та­чи, зак­лу­чо­кот бе­ше де­ка тоа не тре­ба да се об­ја­ву­ва за­тоа што из­ја­ва­та на Ке­ри мо­же да би­де по­греш­но сфа­те­на од ко­сов­ска­та јав­ност. Од ед­на стра­на, се во­о­ду­ше­вив на ед­но­став­но­ста со ко­ја ко­ле­ги­те пре­су­ди­ја што е до­бро, а што ло­шо за сво­ја­та јав­ност, а, од дру­га стра­на, се из­не­на­див од фа­ктот де­ка за ве­ста не знае­­ја дел од во­деч­ки­те ко­сов­ски но­ви­на­ри што го сле­деа Та­чи во Бер­лин. Спо­ред нив­ни­те ре­ак­ции, сфа­тив де­ка не тре­ба ни­кој да им ка­жу­ва што тре­ба, а што не тре­ба да би­де об­ја­ве­но. За нив бе­ше очиг­лед­но де­ка се­ко­ја ин­фор­ма­ци­ја што мо­же на кој би­ло на­чин да ги кон­фрон­ти­ра САД со Ко­со­во не тре­ба да би­де об­ја­ве­на во др­жав­ни­те ме­ди­у­ми што ги прет­ста­ву­ва­ат.

По­доц­на доз­нав де­ка, се­пак, дел од ко­сов­ски­те ме­ди­у­ми, пре­теж­но при­ват­ни пор­та­ли и вес­ни­ци, ја пре­не­ле ве­ста, но со ре­зер­ва и не на удар­но ме­сто за­тоа што таа пр­вич­но бе­ше пре­не­се­на од ру­ска­та те­ле­ви­зи­ја „Ра­ша ту­деј“ (РТ) и од срп­ски­те ме­ди­у­ми, на кои мал­ку­ми­на на Ко­со­во им ве­ру­ва­ат овие де­но­ви.

Тоа што, исто та­ка, бе­ше за из­не­на­ду­ва­ње е што дел од ко­сов­ски­те ко­ле­ги ве­ста за ли­ни­и­те на ог­нот во конф­ли­ктот ме­ѓу САД и Ру­си­ја пр­вич­но ја по­вр­заа за глав­на­та те­ма од прес-кон­фе­рен­ци­ја­та во Бер­лин, а таа бе­ше за ко­сов­ски­те ба­ра­те­ли на азил во ЕУ, чиј­што број дра­ма­тич­но по­рас­на во пос­лед­ни­те не­кол­ку ме­се­ци. Се­пак, зву­чи ре­чи­си не­ве­ро­јат­но де­ка ко­сов­ски­те еко­ном­ски еми­гран­ти зна­ат не­што по­ве­ќе или де­ка зна­е­ле што мис­ли аме­ри­кан­ски­от др­жа­вен се­кре­тар и за­тоа во огро­мен број поч­на но­ва ма­сов­на пре­сел­ба на се­вер.

 

kolumna131-2

Ако мо­же Гер­ма­ни­ја да ку­пу­ва гас од Ру­си­ја, мо­же и Ма­ке­до­ни­ја

По­твр­да­та за гер­ман­ска­та прин­ци­пи­ел­ност и дис­цип­ли­на се по­ка­жа на де­ло уште ед­наш де­но­ви­ве ко­га на мо­е­то спом­на­то ба­ра­ње за ре­ак­ци­ја на из­ја­ва­та на Ке­ри, про­фе­си­о­нал­ци­те во гер­ман­ско­то Ми­ни­стерс­тво од­го­во­ри­ја во ма­кси­мал­но брз рок. Иа­ко со очиг­лед­на опас­ност нив­на­та из­ја­ва да би­де тре­ти­ра­на ка­ко спро­тив­на на аме­ри­кан­ски­те парт­не­ри, гер­ман­ско­то МНР да­де пре­циз­на и прин­ци­пи­ел­на по­зи­ци­ја на мож­но­ста бал­кан­ски­те зем­ји да со­ра­бо­ту­ва­ат со Ру­си­ја. Со тоа офи­ци­ја­лен Бер­лин јав­но да­де под­др­шка на мож­но­ста Ма­ке­до­ни­ја пре­ку га­со­во­дот „Тур­ски тек“, пре­ку Гр­ци­ја, да дој­де до тол­ку по­са­ку­ва­на­та тра­са, ко­ја на­та­му во­ди до Ср­би­ја и до Ун­га­ри­ја, а от­та­му и до Ав­стри­ја, Ита­ли­ја и до дру­ги европ­ски зем­ји. Во­деч­ка­та европ­ска зем­ја и дви­га­тел на европ­ска­та еко­но­ми­ја, трг­ну­вај­ќи од сво­и­те прин­ци­пи спо­ред кои и во ек на санк­ци­и­те на ЕУ кон Ру­си­ја ко­ри­сти ру­ски гас, ве­ли де­ка се­ко­ја зем­ја тре­ба да од­лу­чу­ва са­ма за сво­и­те вр­ски со Ру­си­ја. Со таа по­зи­ци­ја Ма­ке­до­ни­ја ќе има мно­гу по­лес­на за­да­ча ко­га ќе тре­ба да ре­ша­ва за прик­лу­чу­ва­ње кон „Тур­ски тек“ и за мож­но­ста, по­крај евти­на енер­ги­ја на долг рок, да дој­де до при­хо­ди од тран­зи­тот на га­сот пре­ку неј­зи­на те­ри­то­ри­ја. До­кол­ку овој про­ект се ос­тва­ри и Ма­ке­до­ни­ја ста­не дел од не­го, „Тур­ски тек“ ќе би­де мно­гу по­ко­рис­на оп­ци­ја за Ма­ке­до­ни­ја за­тоа што во „Ју­жен тек“ зем­ја­та ќе не­ма­ше ни­ка­кви при­хо­ди од тран­зит на гас по­ра­ди тоа што енер­ген­тот ќе оде­ше до ЕУ пре­ку Гр­ци­ја. Се раз­би­ра, Ма­ке­до­ни­ја ка­ко член­ка на Европ­ска­та енер­гет­ска за­ед­ни­ца има уште мно­гу про­це­ду­ри за ми­ну­ва­ње пред да мо­же да ѝ ка­же „да“ на Мос­ква. Ту­ка, пред сѐ, е на­чи­нот на кој ќе би­де из­бег­на­та мо­но­пол­ска­та по­зи­ци­ја на „Газ­пром“, кој, спо­ред европ­ски­те пра­ви­ла, не мо­же да се ја­ви ка­ко до­ми­нан­тен сопс­тве­ник и на га­сот и на си­сте­ми­те за ди­стри­бу­ци­ја. По­ра­ка­та од Бер­лин, всуш­ност, им отво­ри но­ва ди­ле­ма на ма­ке­дон­ски­те вла­сти кои ќе тре­ба да од­лу­чат да­ли е по­важ­но што мис­ли Бер­лин или, пак, што сме­та Ва­шин­гтон за сѐ по­го­ле­ма­та ру­ска пе­не­тра­ци­ја на Бал­ка­нот. И се­то тоа се слу­чу­ва во мо­мен­ти ко­га Ма­ке­до­ни­ја се на­о­ѓа во се­ри­оз­на по­ли­тич­ка кри­за, со не­функ­ци­о­на­лен пар­ла­мент и со мож­ност кри­за­та да про­дол­жи со ме­се­ци. И осо­бе­но за­тоа што, иа­ко јав­но за тоа не про­го­во­ри­ле, опо­зи­ци­ја­та и вла­ста има­ат за ни­јан­са раз­лич­ни ста­во­ви во вр­ска со по­тре­ба­та и мож­но­ста зем­ја­та да се обез­бе­ди енер­гет­ски на долг рок.

 

Скоп­је не до­би­ло ни­ка­ква по­ну­да од Пу­тин

Сѐ до за­тво­ра­ње на овој број на „Ре­пуб­ли­ка“, ма­ке­дон­ска­та вла­да не­ма­ше да­де­но ни­ту ед­на из­ја­ва по­вр­за­на со пра­ша­ње­то за но­ви­от га­со­вод нај­а­вен од Ру­си­ја. Спо­ред одре­де­ни не­о­фи­ци­јал­ни ин­фор­ма­ции од Скоп­је, до­се­га не при­стиг­на­ла ни­ка­ква фор­мал­на по­ну­да за вклу­чу­ва­ње на Ма­ке­до­ни­ја во „Тур­ски тек“. Да­ли Мос­ква пре­ку „вир­ту­ел­но“ вклу­чу­ва­ње на Ср­би­ја и на Ма­ке­до­ни­ја ги те­сти­ра за­пад­ни­те со­јуз­ни­ци или, пак, на­ви­сти­на пла­нот на Пу­тин е се­ри­о­зен, не мо­же да се крие дол­го вре­ме. На­ско­ро и Ру­си­ја, и Ма­ке­до­ни­ја, и Ср­би­ја, но и дру­ги­те гло­бал­ни и европ­ски игра­чи, ка­ко што тоа го сто­ри Гер­ма­ни­ја, ќе мо­ра да се иска­жат да­ли ма­ли­те зем­ји ќе мо­ра да ги по­чи­ту­ва­ат двој­ни­те стан­дар­ди или тие ќе мо­жат да во­дат над­во­реш­на или енер­гет­ска по­ли­ти­ка без при­тоа да чув­ству­ва­ат страв од ре­ван­ши­зам по­ра­ди су­е­та­та на дел од нив­ни­те стра­те­шки при­ја­те­ли.

 

(Текст објавен во 131. број на неделникот Република, 6.03.2015)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top